Google бара помош за развој на вештачка интелигенција

во Софтвер

Google го отвори својот енџин за вештачка интелегенција TensorFlow. Станува збор за вештачка интелегенција која со „deep learning“ може да препознава што има на фотографии, говор, да преведува од еден на друг јазик, и сега зависно од трудот на надворешните девелопери да прерасне во нешто посериозно. „Софтверот е наречен Tensor Floe, а Google буквално го подарува. Со тоа се надева дека луѓе од надвор ќе помогнат во равој на технологијата,“ вели Wired.

Енџинот на Google се смета за најсофистициран во споредба со останатите, иако не е единствениот, ниту првиот кој е со отворен код. Facebook, Microsoft и Twitter имаат слични технологии, а и дел од универзитетите имаат сопствена технологија како Caffe и Theano. „Се надеваме дека јавноста и заедницата ќе го прифати ова како добар начин за изразување на различни типови алгоритми за машинско учење, но и ќе допринесе за развој на Tensor Flow на многу различни и интересни начини“, вели Google.

Најголем дел од енџинот на Google остануваат скриени. Google открива само дел од вештачката интелегенција, но сите ќе можат да се обидат да креираат решение кое ќе овозможи подобро препознавање на слики, говор и слично. За креирање на апликациите може да се користи C++ или Python. Но Google се надева дека корисниците ќе ги прошират алатките на Go, Java и JavaScript.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk