Новата апликација на Google, Who’s Down ќе се обиде да ви помогне да пронајдете друштво за излегување, или можеби и за разговор, кога сте слободни. Апликацијата е едноставна и го овозможува токму ова, корисниците одбираат кога се слободни и доколку некој е заинтересиран може да ги контактира за дружење. Who’s Down засега е во затворена фаза и може да ја тестирате единствено со покана, вели 9to5Google. Корисникот и во оваа тест фаза може да одбере кога е слободен и листа на активности кои bи сакал да ги прави: овој избор трае три часа, по што ќе биде отстранет од листата. Доколку некој е заинтересиран може да започне разговор и да се договори директно од апликацијата.
Можеби најголемиот недостаток на апликацијата е што нема никаква функционалност доколку немате пријатели кои ја користат. Со поголем број на пријатели на Who’s Down, апликацијата може да бие интересно место за договор и за пронаоѓање на забава.








