0 коментари 2 мин. читање

Tor, the Onion router, објави апликација за анонимен чет

Најпопуларниот сервис за анонимизација, Tor (The Onion Router), го претстави Tor Messenger. Станува збор за алатка за чет, односно испраќање пораки со која корисниците можат да комуницираат безбедно, приватно и без грижа дека ќе бидат следени.

Пораките кои корисниците ќе ги испраќаат ќе бидат рутирани преку Tor мрежата, односно корисниците ќе останат анонимни онлајн. Алатката ќе биде достапна на Windows, OS X и Linux. Приватноста на корисниците е важна насекаде, посебно во државите каде јавно критикување на властите е опасност; таму Tor и сличните анонимни сервиси можат да им помагнат на корисниците за кои и е наменет Tor Messenger. Но, како и досега со Tor, алатката сигурно ќе се користи и од криминалците кои сакаат да се скријат.

Она што е најважно е дека алатката ќе може да се користи на повеќе платформи, а една од нив е најголемата друштвена мрежа Facebook. „Tor Messenger е cross-platform програм за разговор кој е безбеден и го испраќа целокупниот сообраќај преку Tor. Поддржува повеќе сервиси помеѓу кои Jabber (XMPP), IRC, Google Talk, Facebook Chat, Twitter и Yahoo“, велат од Tor. Ова ќе овозможи разговор преку друштвената мрежа дури и во државите каде е забранета.

Платформата ќе им биде од корист на сите кои се сомневаат дека некој им ги разгледува пораките. Сепак Tor Messenger e во бета фаза, па за сите кои навистина имаат сериозни причини за загриженост во моментов пларформата не е решение, вели Џим Килок од ORC за ВВС.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top