2 коментари 1 мин. читање

Apple дозволи користење на трети алатки за креирање апликации

„Ги олабавуваме рестрикциите за алатките за развивање со кои се прават iOS апликации, се додека конечната апликација не симнува никаков код. Ова ќе им ја даде на девелоперите флексибилноста која ја бараа, при тоа задржувајќи ја безбедноста која ни е потребна.“ се вели во соопштението.

Apple исто така за прв пат ќе ги објави App Store Review Guidelines водичот за „девелоперите да разберат како ние ги одобруваме пријавените апликации.“

„Имаме преку 250.000 апликации во App Store. Не ни треба уште апликации со Прдење. Ако вашата апликација не прави нешто корисно или не нуди некаква форма на трајна забава, може да не биде прифатена.“ стои во правилникот.

Во соопштението компанијата вели дека ова го прави за транспарентност и за помош на корисниците, но многумина се прашуваат зошто Apple ја менува политиката која до сега ја служеше добро, донесувајќи стотина илјади апликации. Според претходни извештаи одлуката на Apple можеби е принудена од американската Федерална комисија за трговија која спроведува истрага за забраната на користење трети апликации.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top