0 коментари 1 мин. читање

Пристапете на Gmail Priority Inbox преку мобилен

Сега можете да пристапите до вашиот Priority Inbox преку мобилниот телефон, односно да ги извлечете само важните или омилените мејлови на вашиот телефон. Потребно е да се логирате на мобилниот Gmail преку мобилниот прелистувач. Потоа во search-от за пребарување на мејловите треба да го вметнете следниов стринг:

label:important in:inbox

И Gmail ќе ви ги покаже само мејловите означени како important. Може стрингот да се промени да се додаде unread на местото на important или да се вметне персонализирана категорија за да се извлечат непрочитаните мејлови, односно тие од персонализираната категорија.

Oткако ќе ги извлечете мејловите, можете да го букмаркирате пребарувањето за да можете со само еден клик да пристапите до, пример, important мејловите.

Користењето на Priority Inbox преку мобилниот нема да помогне опцијата да „учи“ за важноста на мејловите, но може да послужи за пофункционално користење на Gmail додека сте во движење.

(via LifeHacker)

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top