2 коментари 1 мин. читање

Hewlett-Packard oфицијално се подели на дел за хардвер и дел за b2b сервиси

Hewlett-Packard ќе се подели на два ентитата – едниот со примарна дејност компјутери и принтери, а вториот со коорпоративен хардвер и сервиси. Веста не е изненадување, и беше објавена уште минатата година, а шпекулациите за поделба датираат од поодамна.

Поделбата треба да биде финализирана на први ноември, а веќе еден ден подоцна акциите на Hewlett-Packard Enterprise ќе се појават на берзата, јави Venture Вeat.

Приказанта за Hewlett-Packard е една од оние по кои се прослави Силициумската Долина. Основана од Бил Хјуит и Дејв Пакард во 1935 година и почетоци во мала гража, па се до најдoминантна компанија на пазарот за компјутери до пред две години кога го изгубија приматот од Lenovo.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top