0 коментари 1 мин. читање

По три години затвор, и третиот основач на Pirate Bay е пуштен на слобода

По три години зад решетки, Готфрид Свартхолм , еден од тројцата основачи на Pirate Bay, конечно е надвор од затвор, пренесува Torrent Freak. Познат подобро на Интернет под псевдонимот Anakata, шведскиот програмер го напушти затворот во Данска минатиот месец, но мораше да одлежи и едномесечна затворска казна во Шведска поради хакерски напад. Потврдата за ослободувањето на г. Свартхолм дојде од Twitter профилот на мајка му, кој поддржувачите го користеа за да изразат солидарност и да побараат негово ослободување.

Со ова сите основачи на PirateBay, контраверзниот и популарен торент тракер, конечно се на слобода, откако Питер Сунде, Фредрик Неиј беа ослободени преходно. Инвеститорот Карл Лудсторм, кој беше обвинет за пиратерија заедно со основачите во 2009-та година, помина четири месеци под електронски надзор.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top