0 коментари 1 мин. читање

Најбрзиот SSD – Samsung SSD 950 Pro

Новиот SSD на Samsung ги поместува границите кога брзините на дисковите се во прашања. Samsung SSD 950 Pro чита со брзина од 2,500 MBps и запишува со брзина од 1.500 MBps. Со оваа брзина дискот е дури четири пати побрз од претходникот, и кога ќе излезе во октомври, ќе биде најбрз SSD на пазарот.

Драстичната промена на брзината се должи на промена на AHCI технологијата со побрзата NVMe, а се поврзува преку PCI-Express интерфејс, вели Ars Technica. Новата 950 Pro SSD серија ќе биде достапна во две верзии 256 и 512 GB и ќе чинат 200, односно 350 долари.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top