1 коментар 1 мин. читање

Апликација на денот: Брз трансфер на податоци со македонската NetSend File Transfer

NetSend File Transfer е македонска Android апликација креирана од Александар Деспотовски, која овозможува брз и едноставен трансфер на податоци од еден на друг Android уред. За сега постои единствено Android верзија, но Александар најавува дека наскоро ќе биде достапна и верзија за десктоп компјутерите.

Откако ќе се запознаете со контролите апликација е супер едноставна за користење, што и според нејзиниот автор е една од најголемите предности. Доколку примате податоци, NetSend File Transfer ќе ви издаде код по кој ќе ги добивате фајловите, а истиот треба да му го испратите на испраќачот. Слично за испраќање на податоците е со добивање на кодот на примачот и негово внесување.

Големината на фајловите кои може да се префрлаат со помош на апликацијата нема ограничување, единственото ограничување е оставено на корисникот, а се однесува на мобилниот сообраќај кој може да биде ограничен, што со оглед на цената на овој сообраќај е сосем разбирливо.

„Апликацијата е безбедна, се остварува непосредна врска помеѓу два уреди, така што нема можност трет корисник да ја попречува или да краде податоци“, вели Александар Деспотовски.

За сега апликацијата овозможува трансфер помеќу Android уреди, но за брзо време треба да биде достапна и десктоп верзија, па можноста за трансфер од десктоп на таблет компјутер или телефон, NetSend File би можел да биде уште покорисен.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top