Ги има основните копчиња за враќање на претходната страна, рефреширање на страната, стоп, и одбележување на омилените страни, како и home копчето и тоа за опции.
Интересна е позицијата на баровите. Google Chrome и Firefox започнаа да ги сместуваат табовите над барот за адреси, додека IE 9 изгледа ги поставува на страна од тој бар. Според рускиот сајт ќе има „tear-off tabs”, што е можност вградена во Windows Aero Snap опцијата што дозволува корисникот да гледа две страни една до друга.
Рускиот сајт вели ќе има „препознатливи“ веб страни кои корисникот може да ги отвори од Windows таскбарот без да го отвори прелистувачот, ќе ги третира тие страни како Windows апликации, што може да биде супер за брзо отварање на омилените страни.
Официјалното објавување на Internet Explorer 9 е најавено за 15 септември.
Коментари
6 коментари
Коментарите се затворени.