0 коментари 1 мин. читање

ИТ настан: Натпревар во програмирање со акцент на .NET

Македонското софтверско студио РеАктив организира натпревар во програмирање со акцент на .NET. За натпреварот може да се пријават сите заинтересирани, но РеАктив ќе ги избере десетте најдобри кандидати кои ќе учествуваат на натпреварот.

Тоа што е интересно е што покрај наградата PlayStation4 од РеАктив се решија на најдобрите да им понудат и договор за вработување во компанијата. Пријавувањето е веќе започнато, а селекцијата ќе биде од 20 мај до 20 јуни, по што на 20 јуни ќе бидат објавени имињата на 10 најдобри кандидати кои ќе учествуваат во натпреварот.

Ре:Викенд ќе се одржи на 4 и 5 јули во просториите на РеАктив. Пријавувањето за натпреварот е отворено и заинтересираните можат да го направат преку формулар од штандот на Job Fair или на Facebook страната на РеАктив.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top