0 коментари 1 мин. читање

Zenefits е стартап кој вреди над 4,5 милијарди долари

Zenefits е релативно непозната компанија, но веќе имаат инвестиција од над 500 милиони долари, а компанијата е проценета на 4.5 милијарди долари. Станува збор за стартап за кој преку облакот им овозможува на малите копании поедноставно здравствено осигурување, компензација и останати бирократски предизвици со кои се соочуваат компаниите, пишува Recode.

Огромните средства на стартапот му се потребни поред се поради бројот на мали и средни компании кои треба да бидат нивни корисници. Сервисот ќе биде потполно бесплатен, а ќе се монетаризира преку посредништво за здравственото осигурување. Компаниите можат преку сервисот да ги осигураат своите вработени, преку веќе посточки компании, а Zenefits би заработил преку процент од уплатата.

Најголем дел од инвестицијата доаѓа од Fidelity Management и TPG, но и од познатите Andreessen Horowitz, кој велат дека ова за нив е најголема инвестиција во еден стартап. Инвестицијата во Zenefits е најголема за еден ден, откако Cloudera успеа да инкасира 740 милиони минатата година.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top