0 коментари 2 мин. читање 29 април, 2015

Европа гласаше „за“ електронски алармен систем во автомобилите

Европскиот парламент гласаше „за“ електронскиот систем за алармирање во автомобилите. Системот ќе се вклучува на секоја незгода на патиштата, што ќе им помогне на тимовите на брза помош и екипите за брза интервенција веднаш да добијат нотификации за несреќите и да се упатат на место на несреќата, јавува BBC.

Системот се нарекува eCall, а податоците за возилата ќе бидат испраќани единствено во случај на незгода, преку постоечкиот број за итни повици во ЕУ – 112. eCall ќе испраќа податоци за видот на возилот, горивото кое се користи, времето на незгодата и локацијата на незгодата. Покрај можноста за побрза интервенција системот ќе помогне бидејќи во различни држави членки на ЕУ се зборуваат различни јазици што би можело да претставува проблем за дел од возачите. Недостаток е што новиот систем за автоматско алармирање ќе ја покачи цената на возилата за околу 100 евра, но зголемената безбедност на патиштата би требало да е доволна причина за да ја оправда цената.

Одлуката за испраќање на податоците единствено во случај на незгода е донесен под притисок и барање за заштита на личните податоци, бидејќи би можело да дојде до злопотреба и следење на корисниците. „Информациите се префрлаат единствено во случј на сериозна незгода и воздушните перничиња и сензорите се активирани. Потоа сет од стандардни информации се испраќаат на службите за итна интервенција“, вели Олга Сехалова од Европскиот парламент.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top