2 коментари 2 мин. читање

Сите победници на хрватскиот Vip Android предизвик

Па да видиме како се развиваат апликации во соседните земји…

Хрватскиот победник кој доби 91.000 куни е Žabolomac апликацијата на Cyberlabs Mobile. Aпликацијата е опишана како „забаван начин за подобрување вештини во полето на логичко-математичката и просторната интелигенција. Главен лик е жаба која треба да пројде низ 30 нивоа и 3 околини да совлада пречки за да дојде до својата принцеза.“

Сребрената награда ја освои Slušaj Radio! на Infinum, која е апликација за служање на хрватски радио станици преку мобилниот телефон. Апликацијата има интересни функции како: ако се потресе телефонот се бира рандом станица, има мод за спиење и будење, можност за снимање на радио и контрола на потрошениот мобилен сообраќај.


 

Бронзената награда ја освоија осум апликации и тоа:

  • mPlacanje – апликација за брзо плаќање преку мобилен за парикирање, гаражи и јавен транспорт преку SMS.
  • TVdroid е TВ водич.
  • ZETPanic e апликација за купување карта за јавен транспорт преку мобилен.
  • Horvat Andro служи за следење информации, вести, прогноза, тв програма… преку мобилен.
  • Transmeet.TV muzička karta za Android e апликација за следење на музички настани заедно со информации и севиси за истите.
  • HotFuzz e апликација за споделување на настани. Пример ако сте на настан споделувате fuzz со краток опис, локација и слика.
  • Roaming Viewer e апликација што нуди информации за роаминг цени, оператори и попусти.
  • Lociraj e локациска апликација за пронаоѓање на болници, банкомати, аптеки…

Повеќето од тие апликации се наменети само за хрватскиот пазар, што е штета бидејќи некои од нив се доста корисни. Да се надеваме дека наскоро ќе видиме и локализирани апликации за македонските корисници.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top