0 коментари 1 мин. читање

Кога креативно CV неочекувано ќе ве однесе на интервју

Одличното резиме некојпат е клучно за добивање на работа. Нина Мафлех доаѓа од Блискиот Исток и неодамна со своето невообичаено пристап толку го импресионираше директорот на Airbnb што лично ја повика на интервју, иако Нина претходно испрати куп пораки на официјалнот имејл на сервисот за туристичко сместување.

Откако Нина со месеци преку официјалните апликации за работа се обидуваше да дојде во контакт со компанијата, таа се одлучи на покреативен чекор, односна да ги импресонира Airbnb со своето познавање на Блискиот Исток. „Помислив, всушност не направив се што можам. Единствено правев една иста работа постојано“, вели таа.

Со помош на дизајнер, таа го редизајнира сајтот на Airbnb презентирајќи информации за локациите на кои, според нејзе, компанијата може да конкурира далеку подобро. Одзивот на Airbnb, но и на останатите кои го видоа нејзиното мислење е далеку над очекувањата, па директорот на Airbnb Брајан Чески ја повика на интервју, јави Business Insider.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top