0 коментари 1 мин. читање

Сега и на веб може да читате персонализирани магазини на Fliboard

Популарниот Flipboard сега има и веб верзија преку која може да креирате персонализиран магазин. Тоа што можеби е најзначајно е дека веб верзијата изгледа одлично и на поголем екран и сега ќе им биде достапна на сите корисници, дел од кои ќе имаат можност да го користат сервисот за првпат.

Тоа што е различно со мобилните апликации е дека вестите кои ве интересираат на веб верзијата доаѓаат со скрол, иако креаторите размислуваа и ја тестраа „Flip“ можноста, но кога сте пред компјутер таа се покажува како неприродна. Сепак тоа што останува непроменето е можноста за креирање на персонализиран магазин каде може да ги добивате вестите кои ве интересираат. Статиите пристигаат преку алгоритми во зависност од вашите интереси, а истите статии доаѓаат и на веб и на паметните телфони или таблет компјутери.

„За да крeираме оптимален изглед која доаѓа природна за веб прелистување, ја пресметуваме релевантноста на приказните и фотографиите и анализа на типoт на содржина – како слики или текст кои се на страната. Исто така со помош на алгоритам препорачуваме различни теми и магазини кои можеби ви се допаѓаат“, велат од Flipboard.

[youtube]CgdU8UvwfB4[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top