Google стана доктор, сега ќе прикажува проверени медицински совети и лекувања

во Веб

Google го прошири својот Knowledge Graph на здравствените симптоми кои корисниците ги пребаруваат на нивниот пребарувач, јави компанијата на својот блог. Oва значи дека кога ќе го прашате Google за вообичаени здравствени проблеми, ќе почнете да добивате релевантни медицински факти од Knowledge Graph. „Ќе ви ги прикажеме вообичаените симптоми и лекувањето на болеста, како и детали за колку е честа болеста и опсностите од истата“, вели Google.

Google за новитетот во пребарувањето соработуваше со медицински тим предводен од Др. Капил Парах. Сите прикажани информации се факти базирани на познавањата кои со тимот на Google ги сподели медицинскиот тим. Додадени се околу 400 резултати за болести, што според Google е само почеток. Koмпанијата сака да биде прво место на кое ќе се обратите кога ќе ви е потребна брза информација кој ќе го повредите глуждот на кошарка или ќе смрзнете на планина.

Сепак од компанијата предупредуваат дека резултатите од предупредувањето не се медицински совети, туку единствено совети кои треба да им помогнат на корисниците во носење на одлуки, како и запознавање со болеста. За почеток медицинските податоци ќе бидат достапни на англиски јазик, но од Google најавуваат проширување на услугата и на локализираните пребарувачи.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk