0 коментари 2 мин. читање

Ема Ватсон ги поттикнува девојките да бидат инженерки

Холивудската ѕвезда Ема Ватсон застана во одбрана на професиналните инженерки. Како дел од кампањата HeForShe која се залага за поголема рамноправност помеѓу половите, г-ца. Ватсон инспирираше млада девојка, која и покрај својата желба да стане инженер, не добива „благослов“ од својот татко за да го продолжи своето образование во оваа насока. Проблемот кој го има девојкате е сличен во сите конзервативни и традиционални средини каде сè уште се смета дека инженерите треба да бидат мажи. Ова до некаде важи и во Македонија чија ИТ индустрија е доминантно машка, и чии факултети се преполни со мажи програмери и инженери. Но, сепак има се повеќе девојки кои сакаат да се вклучат во индустријата бидејќи можат да допринесат со својата креативност и нови идеи.

Актерката на прашањето на Twitter „Татко ми смета дека не можам да бидам инженер бидејќи е машка професија. Како да го променам ова?“, одговори едноставно со „Биди инженер“. По ова пристигнаа куп твитови од истакнати инженерки кои ја поддржаа младата девојка во нејзината желба.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top