0 коментари 1 мин. читање

Беспилотно летало натоварено со амфетамин се сруши во Мексико

Беспилотно летало кое пренесувало три килограми амфетамин се срушило на паркинг во Тихуана, Мексико, пренесува >Associated Press. Полицијата вели дека имало шест пакети дрога кои биле залепени за леталото, кое откако ќе му бидат дадени GPS координати можело само да одлета до локацијата. Засега не е познато од каде потекнува леталото, дали од американски или од мексички дилери, но, се знае дека ова не е прв ваков случај.

Беспилотните летала (или попознати како дронови) се покажуваат како одличен начин за пренос на добра. Така, ако од една страна се легалните продавачи како Amazon, кој ги тестира дроновите за достава на онлајн нарачки, од друга се нарко-дилерите кои ја користат иновативната технологија да пренесат нелегални супстанци. Според тихуанската полиција, ова не е прв обид да се прошверцува дрога преку границата, а според податоци од американските власти, само во 2012-та година се забележани 150 беспилотни летала кои пренесувале дрога. Амерканската DEA вели дека дроновите станале толку популарни што некои криминални банди си произведуваат свои прототипови. Пример, лани било откриено беспилотно летало покрај затвор во Јужна Каролина кое пренесувало телефони, тутун и марихуана.

Интересно, дроновите се можеби најсофистициран обид да се пренесе дрогата преку границите. Според полицијата, нарко-дилерите, покрај тунелите и лесни авиони, понекогаш користеле и катапулти.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top