1 коментар 1 мин. читање

61% од прегледите за електроника на Amazon се лажни

Amazon тврди дека 99% од прегледите напишани за производите кои ги продаваат се легитимни и доаѓаат од купувачи. Сепак оваа бројка е многу пониска, покажува истражувањето кое го направи Washington Post.

Лажните прегледи започнуваат од Facebook. Продавачите бараат купувачи и потоа со финансиска компензација дополнително ги мотивираат да напишат позитивен преглед.

Кога електроника е во прашање најфалсификувани се прегледите за Bluetooth звучници и бежични слушалки. Првите се со 58,2% проблематични прегледи, а вторите 50,7%. Ова се податоци според ReviewMeta, веб-страницата не тврди дали прегледите се лажни, туку само дека се проблематични.

Истите резултати ги потврдува и анализа на друг сервис, Fakespot. Според нивната анализа најфалсификувани производи од електроника се:

  • безжични слушалки
  • навлаки за телефони
  • паметни часовници
  • кабли за полнење
  • додатоци од трети производители како (Fitbit, Gpro, Garmin)

„Денес е многу тешко да продадете нешто на Amazon ако се натпреварувате фер. Ако сакате вашиот производ да биде компетитивен мора некако да произведете прегледи“.

Секако електроника не е единствениот сектор каде се јавува овој проблем. Проблемот постои во сите сектори, од облека до додатоци за исхрана и витамини. Најголем е проблемот со додатоците за исхрани кај кои 64% од прегледите се фабрикувани.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top