Некои од најновите книги, кои се појавија или набргу ќе се појават на Audible, би можеле правилно да ве информираат за историјата на match.com, интернетот на нештата, и моќта на програмерите. Некои други, би можеле да ви послужат како одлична отскочна штица во светот на програмирањето. Сите од нив, со огромно задоволство би ги замениле вашите споредни активности. Пријатно слушање!
The Players Ball, напишано од Дејвид Кушер, прочитано од Џорџ Њуберг
Аудио книга за почетоците на интернетот и проблемите на основачот на Match.com. Книгата зборува за подемот на Гери Крејмер, но и за тоа како бил измамен и го изгубил домејнот sex.com. За потребите на книгата, Дејвид Кушер влече инспирација од долгогодишни истражувања и интервјуа и успева да подвлече интересна паралела помеѓу ризиците и наградите, како и бројните предизвици и трикови кои се користеле за дефинирање на дигиталното доба.
Internet of Things, напишано од Нил Вилкинс, прочитано од Брајан Скот
Сѐ што треба да знаете за интернетот на нештата, бројните анализи, вештачката интелигенција, машинското учење, сајбер безбедноста, деловната интелигенција, проширената реалност и многу, многу повеќе. Низ три часа, Нил Вилкинс се труди да ве запознае со концепти и методи кои ги напојувале најамбициозните технолошки концепти и каква иднина нѝ се пишува од таквото нешто.
Arduino Programming, напишано од Рајан Турнер, прочитано од Расел Њутон
Книга која се препорачува на оние кои не се запознаени со процесот на програмирање и би сакале од некаде да почнат. Arduino, open-source електронскиот интерфејс, може да биде програмиран во најразлични видови програмски јазици. Рајан сака да покаже дека Arduino е одличен избор за вовед во програмирањето и сензорската интеракција. За да дознаете дали успеал во мисијата, потребно ќе биде да одвоите нешто повеќе од три часа. Рајан Турнер ќе исфрли уште една аудио книга овој месец. Python Machine Learning ќе проба да ве запознае со процесот Machine Learning и со тоа како се користи Python и како би можел да ви помогне во вашата почетна кариера на програмирање.
Data Science for Beginners, напишано од Травис Голман, прочитано од Остин Столер
Во слична форма на книгата за интернетот на нештата, Data Science for Beginners ви сервира сè што би требало да знаете за науката на податоците, анализите и безбедносните чекори. Травис објаснува дека неговата книга е од информативен, но и советодавен карактер и дека слушателите ќе добијат уникатен увид во нови теми, продукти, иновации, и идеи од кои ќе се формира чиста слика за правилно и ефикасно користење податоци.
Coders, напишано од Клајв Томсон, прочитано од Рене Руиз
Во свет направен од софтвер, програмерите се архитекти. Оваа мисла на Клајв се чини како појдовна и клучна точка за неговата книга и авторот се труди интимно да ве запознае со таквите архитекти, да ги покаже како размислуваат и на кој начин го менуваат светот во кој живееме. Клајв навлегува и во психолошкиот домен на програмерите и, низ нешто повеќе од 13 часа, се труди да дефинира каква личност копнее по програмерскиот занает и каква цена плаќаат таквите професионалци. Слушањето на книгата е вистинско задоволство кое не би можело да биде до толкав висок степен без наративната магија на Рене Руиз.
[…] 5 најнови аудио книги за ИТ индустријата #1 […]
[…] 5 најнови аудио книги за ИТ индустријата […]