360i ја купи компанијата i33

во Свет

{mosimage}Независната агенција 360i продолжува со својата авантура во која се обидува да се прошири од фирма која нуди маркетинг за пребарувачи во фирма која ќе нуди додатни услуги како веб дизајн и разни веб апликациски решенија, и пред само два дена ја купи веб дизајн фирмата i33 Communications. i33 е фирма базирана во Њујорк, која има над 40 вработени и во своето богато портфолио вклучува клиенти како Adidas, Coca Cola, Marvel, PBS и Target.

Со купувањето на оваа компанија, 360i ќе се обиде да воспостави нова дивизија која ќе се концентрира на дигитален развој, дивизијата ќе го задржи името i33.

Брајан Вајнер, извршниот директор на 360i изјави дека со купувањето на i33, компанијата не само што сака да ја зајакне својата позиција во развој на веб апликации, туку ќе се обиде своите сили примарно да ги насочи кон извршување на маркетинг кампањи и да се обиде да создаде мобилни и апликации кои би биле лесни за споделување помеѓу корисници.

Детали околу оваа зделка и колку всушност вредеше i33 не беа јавно објавени.

360i е компанија која брои над 200 вработени и во последно време се обидува да се пласира на американскиот пазар како компанија која ќе нуди целосни дигитални решенија. Моментално на пазарот 360i нуди маркетинг и оптимизација на содржини за интернет пребарувачи, менаџмент на медиуми, развој на сајтови и апликации.

Интересно е тоа што во последните неколку месеци на американскиот пазар компаниите кои како примарна дејност имаат дигитален маркетинг се во голема трка во купување на мали но значајни компании кои ќе им помогнат да ги прошират своите понуди на услуги. Сето ова стана еден вид на трка за тоа кој ќе стане големиот играч на крај, односно кој ќе успее да се позиционира и да ги зграби големите компании кои трошат милиони на е-маркетинг како свои клиенти.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk