3 Google Search скриени изненадувања

во Веб

Кога се работи за пребарување работи на интернет, Google Search е првата дестинација за поголемиот број корисници. Но, пребарувачкиот енџин не е без смисла за хумор и крие бројни скриени изненадувања. Ова се само 3 од нив!

Напишете dvd screensaver и логото на google ќе почне да се движи низ понудените резултати и да се одбива од страните на прелистувачот, менувајќи ја бојата во процесот, исто како во старото златно доба на DVD плеерите. Кажете ни доколку логото удри во коше!

Напишете cha cha slide и од понудените резултати осмелете се да кликнете на иконата со микрофонот. Секој пат кога ќе кликнете на соодветната икона, ќе чуете дел од познатата песна на DJ Casper, но и ќе видите како се вклопуваат пребараните резултати со ритамот на песната.

Напишете fidget spinner за да добиете дигитална, но целосно функционална верзија на fidget spinner од комфорот на вашиот телефон. Одлично за ситуации кога ви е здодевно или се чувствувате анксиозно. Паралелно со ова, имате и number опција каде вртите тркало со бројки, што е одлично во случај на брза социјална игра со пријателите.

Знаете за некое друго скриено изненадување во Google Search? Споделете го со нас во коментарите!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments