{mosimage} IT.com.mk ви посакува Среќна Нова Година и Среќни Празници. Се со големи букви видејќи е забавно! :P
За неколку дена завршува првата декада од 2000-тите во кои видовме неверојатни промени во ИТ светот. Од 2000 година кога блоговите започнaa да се појавуваат, до 2010 кога секој индивидуален корисник стана свој медиум користејќи го својот мобилен да закачи видео на YouTube или да твитне порака на Twitter. Неверојатни години, за кои ќе ми треба време за да ги одбележиме сите значајни настани. А како што знаете ги има многу!
Но, можеме барем да се осврнеме на 2009 година која беше неверојатна. Од користењето на друштвените мрежи за избор на претседател на САД, Обама креираше е-Влада како никогаш досега поставувајќи ги стандардите кои ќе ги следат сите други влади ширум светот. Од смртта на Majкл Џексон за кого жалеше целиот интернет, познатиот пеач е најпребаруваниот термин на сите пребарувачи, па се до Иран и протестите кои ја одбележаа моќта на новите медиуми и веб алатките.
Пребарување и интеракција во реално време се идеи кои се повеќе ќе добијат во значење во 2010 година. Google веќе имплементираше пребарување во реално време користејќи го Twitter, но и Facebook кои намерно ја променија својата полиса за приватност за да ги натереаат луѓето да споделуваат повеќе информации.
Кога сме кај Facebook, влијанието на друштвената мрежа ги надмина сите очекувања. Со над 350 милиони корисници Facebook стана платформа на која ќе се развиваат вредни бизниси. Некои, дури и неочекувани идеи како Zynga, креаторот на Farmville и MafiaWars апликациите, веќе вредат скоро 1 милијарда долари.
2010 година ќе биде година и на cloud computing. Концептот со кој сиот софтвер е на интернет веќе станува важна технологија. Дури и Microsoft кои заработуваат од Office, најавија дека овој софтверски пакет ќе се најде бесплатно во облакот.
Да не ги заборавиме и проектите како Project Natal. Неверојатни проекти кои ја поместуваат границата на реалноста. Новата дигитална реалност се повеќе и повеќе си го наоѓа местото во секојдневниот живот – од магазини до мобилните телефони.
А мобилните? Тие се веќе мали компјутери, мали платформи на кои можат да се користат мал милион апликации.
{mosimage}
Се чини дека 2010 година ќе биде уште една година во која повторно ќе се промени светот на 1001 начин благодарение на информатичката технологија.
Па… Среќна Нова Година и welcome to the world of tomorrow!!!!







