0 коментари 1 мин. читање

2 награди за најдобрите македонски програмери на 30. ИОИ за средношколци

Владимир Максимовски освои сребрен, а Андреј Величковски бронзен медал на Интернационалната олимпијада по информатика за средношколци. Ова е 30-ти пат да се одржи настанот, а македонските учесници досега освоија 2 сребрени и 16 бронзени медали. Настанот се одржа од 1 до 8 септември во Цукуба, Јапонија. Ова е вторпат македонската репрезентација да се врати со сребро од Интернационалната олимпијада по информатика.

Македонскиот тим во Цукуба, Јапонија беше во состав Владимир Максимовски, Мартин Динев, Андреј Величковски и Филип Михов. Заедно со средношколците беа и м-р Весна Димитриевска и м-р Емил Станков од ФИНКИ.

„Во текот на изминативе десетина години нашите претставници на ИОИ континуирано постигнуваат одлични резултати, освојувајќи медали речиси секоја година, но успехот оваа година е уште позначаен заради освоениот сребрен медал, кој е втор ваков медал во историјата на македонски учества на оваа олимпијада“, вели д-р Миле Јованов, претседател на Здружението
на информатичарите на Македонија.

На ИОИ 2018 учествуваат вкупно 335 ученици од 87 земји од целиот свет. Во оваа конкуренција и  Мартин Динев беше на дофат на освојување на бронзен медал, а од ова извонредно достигнување го делеа само десетина поени од можните 600, велат од македонскиот состав.

 

 

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top