2 демо предлози: Grifford Academy и Ritual of Raven

Патување низ страниците на магична книга

Grifford Academy е нова RPG игра со механики на потезна стратегија. Создадена од студиото LandShark Games, насловот ве носи во мистичниот свет на Калдрија, скриен во страниците на една стара книга. Оваа игра комбинира елементи на авантура и стратешка борба, ветувајќи дека ќе биде сериозно освежување за љубителите на жанрот.

Grifford Academy раскажува приказната за тројца тинејџери. Ерика, Вива и Кап се соочуваат со предизвиците на растењето додека истовремено се борат со мистериозни сили во еден магичен свет. Вие ги водите овие ликови низ нивните лични предизвици, а одлуките што ги донесувате директно ќе влијаат на развојот на нивните карактери и на текот на приказната, што е одлично доколку сакате да се почувствувате како активни учесници во приказната, а не само како набљудувачи.

Еден од клучните елементи на Grifford Academy е борбениот систем. Станува збор за потезна стратегија која ги наградува тактичкото размислување и добрата подготовка. Па тка, ќе можете да го опремате вашиот тим со различна опрема, да ги надградувате вашите способности и да експериментирате со различни комбинации без никакви негативни последици. Оваа слобода на експериментирање е особено привлечна доколку ужувате во пронаоѓање на ваш уникатен стил на игра. Дополнително, насловот нуди два режима на игра: Story Mode е за оние кои сакаат да уживаат во приказната без преголем предизвик, а Strategy Mode е за искусните стратези кои бараат вистински тест на своите вештини.

Светот на Калдрија е прекрасно дизајниран универзум, полн со опасни суштества, скриени тајни и неверојатни откритија. Истражувањето на овој мистичен свет е клучен дел од искуството, што ќе ве одушеви доколку уживате во откривање на нови предели и во разоткривање на историјата на светот во кој се наоѓате. Секој агол на Калдрија крие нешто ново, било да е тоа интересна споредна мисија, нов лик со своја приказна, или дел од сложувалката која ја открива главната мистерија на играта.

Покрај борба со чудовишта, се очекува Grifford Academy да понуди и приказна за пријателство, созревање и себеоткривање. Со малку среќа, следењето на личниот развој на Ерика, Вива и Кап, и на начинот на кој тие се справуваат со тинејџерските проблеми во еден магичен и опасен свет, ќе понуди емотивно и незаборавно искуство. Grifford Academy излегува во Early Access на платформата Steam на 25-ти јуни 2025 година, со ветување од програмерите дека заедницата ќе има важна улога во финалниот развој на играта.

Ритуал на гарванот

Ritual of Raven е авантура каде што земјоделството добива магичен пресврт! Во оваа игра, вие нема директно да ги обработувате полињата. Наместо тоа, ќе користите маѓепсани аркана конструкции за да одгледувате волшебна градина со билки. Приказната ќе ви дозволи да се спријателите со група на симпатични и несекојдневни ликови и да употребувате вештерски моќи за да изведувате моќни ритуали.

Во Ritual of Raven имате за задача да собирате над дваесет различни аркана конструкции. За да ги освоите, истите ќе треба да ги маѓепсате со помош на мистичен шпил карти. Овие конструкции ќе ја извршуваат целата работа во вашата магична градина – од орање и сеење до наводнување и собирање на лековитите билки. Исто така, ќе имате можност да се дружите со уникатната заедница на селани, да ги дознаете нивните приказни и да тргувате со нив за вредни состојки, со што ќе им помогнете да се зближат едни со други.

Покрај градинарството и ритуалите, играта нуди и мноштво други активности како учење како одредени фактори влијаат на вашата жетва и како може да се искористат таквите фактори во ваша полза. Паралелно со ова, селото и вашата фарма ќе можете да ги уредувате со уникатен мебел, да извлекувате и спојувате различни кристали, како и да ловите артефакти од други светови низ порталите. Играта, патем, доаѓа од истиот тим кој претходно работеше на играта Sticky Business!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments