0 коментари 2 мин. читање 10 ноември, 2015

15-годишник стана најмладиот креатор на хуманоиден робот

Димитри Хацис од Грција со само петнаесет години стана најмладиот креатор на робот со човечка големина висок 1,85 сантиметри. Младиот Димитри е еден од учесниците на проектот за роботика со отворен код InMoov , чија цел е да овозможи на секој да може да креира својот робот во сопствениот дом со помош на 3Д принтер.

Dimitris-Hatzis-robot4

Хуманоидниот робот наречен Troopy кој го креираше Димитри е составен од над 475 делови, најголемиот дел од нив се испринтани делови. Покрај тинејџерот, организаторот и скулптор Гаел Лангевин му помогна да се креира роботот. Troopy e креиран за период од 1.400 часа со испринтатни делови со димензии 12х12х12cm, и може самостојно да ги движи очите и главата, и ги има таканаречените „пет степени на слобода“ во движењето на рацете. „Секој нов робот е подобар модел на претходникот – затоа овој робот не е во финалниот облик, а можеби и никогаш нема да биде. Постојано се подобрува и надградува,“ вели младиот Димитри за Oddity Central.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top