aLunch
aLunch е многу корисна апликација која седи на вашиот menu bar и ви дава брз пристап до сите апликации на вашиот компјутер. Апликациите можете а ги сортирате во групи и да ги поставите при рака сите апликации кои многу често ги користите, а не сакате да ви заземаат простор во докот.
Caffeine
Caffeine е корисна апликација која што не му дозволува на вашиот компјутер да оди во sleep mode, да го затемни екранот или да го стартира screen saver-от. Користете ја кога имате видео конференција со некој, или гледате филм.
iTool
iTool е
бесплатна апликација која ви овозможува едноставно и целосно одржување на вашиот компјутер. Многу е лесна за користење а ви овозможува да извршите неколку битни функции кои можат да ги подобрат перформансите на вашиот компјутер.
JumpCut
Jumpcut е апликација која што ви нуди историја на вашиот clipboard, што значи дека имате пристап до текст кој што сте го копирале, дури и ако потоа сте копирале друг текст. Апликацијата е сместена во вашиот menu bar за побрз пристап до информациите.
CyberDuck
Cyberduck е бесплатен FTP и SFTP клиент, како и WebDAV, Mosso Could Files и Amazon S3 прелистувач за
Mac. Апликацијата е многу лесна за користење и дозволува организирање на FTP локациите во bookmark стил. Фајловите на FTP можат лесно да се прегледуваат со Quick Look, додека за едитирање можат да се користат апликации кои ги имате инсталирано како Smultron, кои што се интегрирани во Cyberduck.
Smultron
Smultron е еден од појаките бесплатни текст едитори за Mac. Може да се користи за широка палета на потреби како што се web програмирање и едитирање на скрипти, додека е многу едноставен и лесен за користење.
Growl
Growl е систем за нотификација за Mac OS X, кој што им дозволува на сите инсталирани апликации кои што се
компатибилни со Growl (повеќето се), да ви праќаат нотификации. Growl ви нуди комплетна контрола врз начинот на кој што се прикажуваат нотификациите, кои апликации имаат дозвола да испраќаат нотификации и слично.
Gmail Notifr
Gmail Notifr е апликација која се сместува во вашиот menu bar и ви праќа нотификации секој пат кога имате непрочитан меил на вашиот Gmail акаунт. Поддржува повеќе акаунти, може да се подеси временскиот интервал на кој што проверува за маил и може да се користи во комбинација со Growl.
MAMP
MAMP е одлична апликација која инсталира локален сервер на вашиот компјутер. MAMP нема да компромитира постоечки инсталации на Apache, со тоа што можете да инсталирате Apache, PHP и MySQL без користење на скрипти или едитирање на конфигурациони фајлови.
Handbrake
Handbrake е open source видео транскодер апликација која што може да ги конвертира скоро сите видео фајлови, филмови и слично во видеа кои што се компатибилни со iTunes и Apple TV.
StuffIt Expander
StuffIt Expander e апликација за отварање на над 20 различни вида на компресирани архиви како што се .zip, .rar, .arc, .tar, .cab, .sit, .bin, .gz и многу други.
Twitterrific
Twitterrific е одлична десктоп апликација за сите зависници од Twitter. Со неа можете да ги следите сите update-и на Twitter од вашиот дектоп.
NewsFire RSS
NewsFire RSS е само уште еден начин да ги следите вашите омилени RSS вести од интернет.
VLC
VLC е една од најпопуларните видео плеер апликации која е бесплатна и поседува огромен број на видео и аудио кодеци. Со други зборови, ќе можете без проблем да гледате било кое видео без да се грижите за
неговиот формат и дали ги имате потребните кодеци.