Дали една од најголемите IoT компании, Nest, може да биде заборавена како уште еден неуспешен експеримент на Google? Google потроши над 3 милијарди долари да го купи Nest во 2014-та година, но сега приходите се под очекуваното, и Google може да изгуби трпение со проектот, вели Recode.
Nest направи 340 милиони долари во продажба минатата година, и иако заработува 40 милиони повеќе од проекцијата од 300 милиони годишно која е предвидена од Google, проблем е што во оваа сума е вклучена и заработката од Dropcam. Dropcam не беше од првичната пресметка бидејќи Nest ја купи за 555 милиони долари шест месеци подоцна.
Nest ги продава паметниот термостат, паметен против-пожарен аларм и камерата Dropcam. Во 2014 година камерата се продавала подобро од двата други производи на компанијата, но по ребрендирањето и нејзината продажба е намалено, тврдат извори за Recode. Доколку Google е заинтересиран за креирање на оперативен систем за Интернет на нештата, можно е да се реши да го продаде Nest бидејќи ќе нема корист од компанијата, но сепак да ги задржи правата за дел од технологијата за која се заинтересирани.