Autodesk презентираше 3Д принтер кој може да принта навистина големи предмети, и со тоа надмина една од најголемите пречки во развојот на оваа револуционерна технологија. Со Project Escher сега може да се креираат комплексни работи, но она по што навистина се разликува од останатите е што принтерот многу повеќе наликува на производна лента во фабрика, отколку на стандардните 3Д-печатачи на кои сме навикнале досега.
Секоја од главите за печатење се управува посебно од компјутерот кој од Autodesk е наречен „диригент“. Друга специфичност е што на секој од сегментите може да се инсталира глава која ќе работи со различен материјал, ова ја зголемува почетната цена на принтерот, но и значително го забрзува печатењето, нема потреба да се менуваат деловите за печатење и различни материјали можат да се печатат истовремено. Дополнително сегментите можат да се менуваат во целост, па на место на главата за печатење може да се смести глодалка која ќе ги отстрани потпорните структури или роботска рака која може да го помести или заврти отпечатокот на кој се работи.