0 коментари 1 мин. читање

Папата Францис се приклучи на Instagram

Сакам да патувам заедно со вас по патот на божјата милост и нежност, вели папата Францис во својот прв Instagram пoст. Тој на Instagram сподели четири фотографии и едно видео, но веќе има над 1,4 милиони следбеници. На првата споделена фотографија Папата на повеќе јазици побара од верниците да се молат за него.

Приклучувањето на Папата на Instagram е очекувано. Tој e предводиник меѓу свештените лица на социјалните мрежи за пристап до поголем број следбеници. Папата е активен нa Тwitter, но одбива да отвори Facebook профил бидејќи луѓето кои работат со него се загрижени дека ќе добива пораки со омраза и ќе предизвика расправии меѓу фановите.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top