0 коментари 3 мин. читање 16 март, 2016

#RIPInstagram? Друштвената мрежа најави алгоритам за персонализација

Instagram најавува промени која натера некои незадоволни корисници веќе да му го предвидуваат крајот. „RIP Instagram“ можеби сега е популарна порака, но е претерано екстремна. Тоа што друштвената мрежа го прави сега е да понуди поквалитетна содржина, така што ќе го промени изгледот на презентираните резултати, па најдобрите фотографии ќе се појавуваат најгоре на листата, наместо како досега да бидат подредени хронолошки. Доколку ја воведе промената која е веќе во тест фаза, тогаш со помош на алгоритам секој корисник ќе добива персонализирани резултати. Најдобар пример е Facebook, сопственикот на Instagram, кој ви прикажува постови базирани на вашите интереси, лајкови, локација и коментари.

„Во просек луѓето пропуштаат 70 отсто од постовите на Instagram. Она што оваа промена ќе го овозможи е постовите кои ќе го видите да бидат најдобрите 30 отсто можни“, вели основачот Кевин Систорм за New York Times. Од платформата тврдат дека презентираните резултати нема да бидат одбирани единствено по бројот на лајкови, туку релевантна ќе биде интеракцијата со корисникот кој ги постира фотографиите.

Но, дел од корисниците се скептици, и веруваат дека Instagram сака да ги истурка рекламите и големите брендови меѓу најгледаните фотографии, наместо тие фотографии да бидат на нивните пријатели.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top