Microsoft конечно започна со претпродажба за уредот за проширена реалност HoloLens, но ќе може да го купите само ако имате 3.000 долари, што е релативно висока цена. Првите уреди за развивачите ќе бидат испорачани на крајот на март, јави Microsoft. Компанијата неодамна објави дека нема да започне со продажба додека HoloLens не биде готов во целост. Со оглед на тоа дека сепак не станува збор за комерцијална верзија, сè уште е нејасно дали ова значи дека очилата се готови или можеби има сериозни промени до финалната верзија на HoloLens.
Она што е јасно е дека HoloLens за развивачи доаѓа со 32-битен процесор од Intel, 2GB RAM, камера со резолуција 2 MP, 64GB слободен простор и поддршка за Bluetooth. Дури и на верзијата за развивачи HoloLens ќе доаѓа со три видеоигри, кои можеби се потребни за презентирање на дел од можностите на уредот. За корисниците кои не се љубители на видеоигри HoloLens доаѓа со HoloTour софтвер кој за почеток овозможува преглед на 360-панорамско видео на Рим и Мачу Пикчу.
Можеби единствено прашање е дали 3.000 долари не се премногу за технологија која е во самиот зародиш и засега е интересна само за најљубопитните. Можеби Oculus и HTC Vive доаѓаат без вграден процесор, но со оглед на тоа дека доаѓаат за дел од цената на HoloLens, се чини дека во Microsoft сепак ќе мора да пронајде примена која овие две платформи не можат да ја понудат. Испраќањето на уред во Меѓународната вселенска станица за презентација на можностите е одличен потег, но мора да се пронајдат нови поисплатливи области на примена.
Што се однесува до игрите нив може да ги разгледата на видеата подолу.