0 коментари 2 мин. читање 25 февруари, 2016

Германските власти со тројанци ќе ги следат граѓаните

Германските разузнавачки служби добија законска можност да ги следат компјутерите на корисниците кои се под сомневање за криминал. Портпаролот на владата објави дека ја одобрила употребата на тројанци за следење на осомничените. Разузнавачките агенции ќе имаат легален пристап до компјутерот, лаптопот и телефонот на осомничениот. Ќе можат да ги сoберат податоците од дисковите на корисникот и да ги следат разговорите.

За потсетување најверојатно најозогласениот софтвер за следење FinFisher или FinSpy е креиран од Gamma International која има една канцеларија во Минхен.

Очекувано дел од партиите во Германија се незадоволни од легислативата и велат дека целта не ги оправдува средствата, посебно не во земја во која владеат законите. Дополнително за законот најверојатно ќе биде доставена претставка пред Уставниот суд. Германскиот уставен суд во 2008 година донесе одлука со која следење и пристап до компјутерите на граѓаните е законско единствено ако е загрозен животот на граѓаните или постои опасност од противдржавна активност, вели Deutsche Welle.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top