0 коментари 3 мин. читање 15 февруари, 2016

Виртуелната реалност може да го заживее пазарот со недвижности

Колкумина од вас го променија мислењето за „Скопје 2014“ oткако беше реализиран? Без разлика дали сега повеќе или помалку ви се допаѓа, во иднината вакви скапи проекти несомнено најпрво ќе бидат презентирани во виртуелната реалност, а дури потоа изградени во реалноста. Така граѓаните ќе можат да видат подобро како нешто ќе изгледа, но и да навикнат на објектите пред да бидат изградени.

Иако за зградите и спомениците од Скопје 2014 е предоцна, во САД најголемите агенции за трговија со недвижности започнуваат да експериментираат со виртуелната реалност. Како и останатите области кои имаат проблеми, и недвижностите се надеваат дека со малку технологија ќе успеат да го заживеат пазарот. Трговците со недвижнини планираат да користат виртуелна реалност за подобро да го презентираат просторот, дури и кога тој не е целосно изграден. Ваква пракса ќе им помогне и на купувачите на станови или инвеститорите да видат точно за што даваат пари. „Очилата ми беа залепени на лицето како маска за нуркање. На другата страна наместо риби имаше студио“, вели Џенифер Милер од New York Times, која неодамна имаше можност да ја погледне иднината на продавањето и изнајмување на недвижнини.

Сепак доколку судиме по првите искуства, има уште доста време за развој на финален продукт. Компанијата која е помеѓу првите кои започнуваат да експериментираат сo виртуелна реалност е Halstead, а првата недвижност низ која може да се прошетаат клиентите е четирикатница во Асторија. Virtual Xperience го рекреираше објектот и сега потенцијалните купувачи можат да го разгледаат со помош на Oculus Rift.

Но, виртуелната реалност во моментов има ограничувања бидејќи е потребно време за да се рекреира вистинска зграда. Квалитетот на содржината на моменти изгледа како на застарена видеоигра, што можеби и не влева многу доверба кај некој што сака да плати. „Не сакаме инвеститор да дојде со чек од 70 милиони долари и да му предизвикаме вртоглавица“, вели Гонзало Наваро од ArX Solutions, уште еден изведувач кој направи 3Д содржина за да го претстави својот комплекс.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top