MyShake е апликација која можеби најдобро покажува дека паметните телефони се навистина паметни ако се употребат правилно. Станува збор за Android апликација, креирана од група научници од Универзитетот на Калифорнија, која регистрира зeмјотреси преку сензорите на телефонот. Паметните телефони поврзани едни со други креираат сензорска мрежа која во случајов се користи за детектирање на земјотреси за неколку милисекунди. Сепак апликацијата нема никакво значење за корисниците и не праќа повратни податоци назад, но на научниците им помага да соберат клучни податоци за зeмјотресите. Благодарение на новите податоци тимот се надева дека ќе може во иднина да испрати предупредување неколку секунди пред да започне тресењето.
Сепак овие предупредувања во моментов се далеку од реалноста, а на креаторите им се потребни многу податоци од корисниците за да можат во иднина подобро да ги предвидуваат земјотресите. Засега апликацијата може да разликува помеѓу потреси кои се вештачки и вистински земјотреси, а корисниците кои го полнат телефонот еднаш неделно нема да забележат некаква разлика.
„Дури и најгустите сеизмички мрежи имаат станици на десет километри, овде со MyShake имаме потенцијал за станица на секои неколку метра. Мерењата со волкава мрежа ќе помогнат и при креирањето на згради побезбедни од земјотрес, во една зграда ќе имаме 3Д мерења за нејзиното тресење во земјотресот, а ова ќе им овозможи на инженерите да креираат подобри згради во иднина,“ вели Ричард Ален за Popular Mechanics.