Apple ќе претстави 13-инчен MacBook Pro со Retina екран, пишува 9to5mac. Официјално од Apple најавата треба да пристигне на прес конференцијата закажана за подоцна во октомври. Се очекува 13-инчниот MacBook Pro да биде претставен заедно со помалата верзија на iPad.
Тринаесет инчниот лаптоп ќе доаѓа во две конфигурации, со различни процесори и простор, а ќе биде достапен брзо по најавата. Според изворот куќиштето ќе биде блиско до 15-инчиот MacBook Pro од јуни. Првичните најави за резолуцијата не екранот се 2560 х 1600 наспроти 2880 х 1800 кај 15-инчната верзија.
Иако се шпекулираше дека презентацијата на лаптопот ќе биде на прес конференцијата за iPhone 5 тоа не било направено поради проблемите со ладење кој ги имал уредот. Покрај ова најавен е и нов 15-инчен MacBook, двата нови уреди се со работно име D1 и D2, со тоа што D2 ќе биде поголем 15-инчен, а 13-инчниот MacBook ќе биде D1.







