13-годишно девојче најде решение за интернет троловите

во Веб

Тринаесетгодишната Трипа Прабу најверојатно го пронајде решението за интернет троловите. Својот проект, Трипа го презентираше на Google Global Science Fair и го наслови како Rethink. Проектот нуди втора шанса за размисување пред објавување на навредливи содржини.

Резултатите од проектот покажуваат дека 93,43% од корисниците кои сакале да објават навредлива содржина го промениле своето мислење откако по втор пат ја прочитале пораката која ја напишале.

„Истражувањата покажуваат дека над 50 отсто од адолесцентите и тинејџерите, а 10 до 20 отсто се редовна цел на напади. Истражувањето покажува дека помладиот дел на популацијата не ги разбираат доволно потенцијалните последици на овие навредливи коментари“.

Идејата е финалната верзија на системот да се вклучи во друштвените мрежи. Засега Rethink нема начин да ги детeктира навредливите пораки, а истражувањето е направено со пораки за кои однапред е познато дека се со лоша содржина, па учесниците биле прашувани дали би ги објавиле на социјалните медиуми.

Доколку се решат да ги објават системот ги предупредува авторите дека пораките можат да ги навредат другите корисници, по што 93,43 отсто од корисниците се одлучиле да ја променат својата првична одлука.

„Мојата идеја е да се направи скалабилен продукт кој ќе може да се интегрира во постоечките социјални мрежи, сајтови или апликации и едноставно да се интегрира во идните социјални мрежи, сајтови и апликации кои ќе се појават во иднина. Дизајнот вклучува софистициран систем за филтрирање кој ќе ги препознае пораките и функционира со социјалните медиуми на веб или мобилните платформи. Се радувам на иднинaта каде сајбер насилството ќе биде победено“, вели Трипа Прабу.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Arijan
Arijan
11 years ago

‘imat’ e gre6ka

Александар
Александар
11 years ago

Катастрофа ви е писменоста во оваа статија. Не се една-две грешки што никој нормален не би ги ни забележал, туку секоја реченица имат грешка.

Damjan Dano
11 years ago

Здраво Александар,

Ти благодариме на забелешката, грешките се поправени. Интерно работиме на случајот да не ни се повторуваат вакви работи во иднина. Поздрав