12 работи кои Google ги знае за вас

Помина времето кога на Google се гледаше како на прелистувач и ништо повеќе од тоа. Гигантот има пуштено корени во многу попрофитабилни почви и цица ненормално многу податоци за вас и вашите активности. Како резултат, таквото нешто првенствено му помага на Google за да ве задева со реклами кои се кроени според вашите интереси. Ова се 12 работи кои гигантот ги знае за вас.

  1. Име, пол и дата на раѓање
  2. И-мејл адреса
  3. Телефонски броеви
  4. Каде живеете
  5. Каде работите
  6. Веб сајтови кои ги посетувате
  7. Пребарување преку Google Search
  8. Какви реклами да бидат прикажувани
  9. Ваши интереси
  10. Места кои сте ги посетиле околу светот
  11. Вашата историја од прегледи на YouTube
  12. Што сте кажале на Google Assistant

За Google да ги знае сите овие работи за вас, потребно е да имате креирано Google акаунт. Најлесно собирање на ваквите податоци е доколку користите Google прелистувач и сте логирани во вашиот Google акаунт. Без акаунт, Google може да собира податоци за тоа како се користи еден компјутер односно телефон, но не може детално да знае чиј дигитален отпечаток стои зад сето тоа.

Како да дознаете што Google знае за вас?

Прво нешто што би можеле да го направите е да ја проверите историјата на посетените страни преку History одделот. Дополнително, ако сте логирани во вашиот акаунт и го посетите следниот линк, можете да видите со какви основни податоци располага Google. Преку одделот Dashboard можете да видите кога и како сте користеле одредени алатки на Google. За најдобар увид, се препорачува да се логирате во вашиот акаунт и да отидете на страната My Activity. Тука, добивате целосен и крајно детален преглед за активностите кои сте ги извршиле со вашиот акаунт. Повеќе активности се прикажуваат откако ќе кликнете на левата страна, на Other Google Activity. Во случај да сакате да избришете некоја активност, кликнете на трите вертикални точки и потоа на Delete.

Како да му ги врзете рацете на Google?

Доколку од некоја причина не ви се допаѓаат ваквите политики на Google, една работа која можете да ја направите е да не сте искрени со вашите податоци. Пополнете го вашиот акаунт со лажни податоци. Потоа, забранете му на Google да собира информации за вашата локација така што ќе кликнете на Manage Location History и исклучете ја опцијата за Location History. Трета работа што можете да направите е да блокирате собирање информации за вашите интереси и покажување реклами засновани на вашите прелистувачки навики. За таквото нешто треба да ја деактивирате опцијата Ad personalization на страната од податоците за вашиот акаунт. Кога сте веќе тука, посетете ја и страната Google Analytics и забранете им на сопствениците на веб сајтови да ве следат преку таквата услуга.

Со алатката About Me можете да видите што е видливо за сите заинтересирани и да кликнете на иконата со пенкало доколку сакате да отстраните или промените нешто. Дефинитивно проверете и што ве чека во Privacy Checkup и дештиклирајте работи кои не ви се допаѓаат.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk