Веќе знаеме што се случуваше со SOPA и PIPA во САД, каде што ИТ компании како Google, Wikipedia, Wired, Reddit реагираа со исклучување на сајтот и со масовно информирање на милиони луѓе за опасностите од законоти. Сега и во Европа се случува истото. Сличен договор на SOPA и PIPA, кој се заканува ја спречи слободната комуникација, во јуни ќе се појави пред Европскиот Парламент.
ACTA е договор меѓу 22 европски земји, ЕУ, САД, Канада и Австралија со кој се воведуваат нови построги мерки и решенија за справување со трговијата на фалсификувани добра и тие што прекршуваат авторски права, во кои се вклучува и пиратеријата. Многу експерти сметаат дека ACTA ќе им наложи на интернет провајдерите да бидат одговорни за интернет комуникацијата, што ќе доведе до поголема контрола и цензура. Проблемот со ACTA e што договорот беше подготвуван нетранспарентно зад затворени врати.
Европската реакција против овој договор ќе се случи на 11 февруари во форма на протест. Access, организацијата што тврди дека се бори за дигиталната слобода, организира интернационален ден против ACTA со Facebook настани во повеќе држави каде што може да се реагира против трговскиот договор. Полските корисници веќе се спротиставија на законот со локални протести.
„Протести се организираат ширум светот да им се покаже на Европскиот Парламент дека тие мора да го одбијат ACTA. Иако многу земји веќе го потпишаа договорот, ако Парламентот го одбие ACTA, тој ќе биде фрлен во канта и заборавен од историјата.“

[youtube]N8Xg_C2YmG0[/youtube]