0 коментари 2 мин. читање 27 мај, 2013

ИТ настан: 10 години од објавувањето на првата WordPress верзија

Дваесет и седми мај, 2003-та година, беше денот кога Мет Муленвег ја објави првата верзија на WordPress. Платформата која ја изгради Мет имаше скромен почеток со неколку основни можности за блогирање, а денес, десет години подоцна, платформатa прерасна во водечки CMS (Content Management System) и се користи за градење на неверојатни сајтови, меѓу кои и IT.com.mk.

Како дел од својата 10 годишнина, WordPress ги повика корисниците и WordPress ентузијастите да организираат собир и забава, за локалната заедница заедно да го прослави овој јубилеен роденден. Собир за 10-годишницата ќе има и во Македонија, поточно во Скопје во Хаклабот КИКА, организиран од Ѓорге Михаилов.

За сите заинтересирани, WordPress нуди и промотивни маици по цена од 10 долари, а можете да ја нарачате од продавницата. Дали и вие го користите WordPress за вашите блогови или веб проекти? Како сте задоволни од неговите функции и дали сте заинтересирани за допринесување во неговиот развој?

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top