Информациите за продажбата на профилите се појави на руски форум, и моментално не се знае дали лозинките се валидни.
Но… Димитар Крстевски денес твитна дека профилот на еден свој пријател му е пробиен и се користи за спам пораки, како што може да се види од сликата погоре. Можеби е изолиран случај, не поврзан со продажбата на профилите, но безбедноста треба да е на прво место бидејќи ваквите пропусти не се нови за македонските корисници.
Доколку се сомневата дека вашиот Facebook профил е пробиен веднаш сменете си ја лозинката и скенирајте го компјутерот со анти-вирус во секој случај, за да не се искористи вашиот профил за спам пораки, да се украдат ваши слики и лични информации, да стане вашиот компјутер дел од ботнет мрежа или пак којзнае да ги изгубите покер чиповите…
Коментари
2 коментари
Коментарите се затворени.