Зависноста од гејминг и официјално е здравствено пореметување

2 коментари 1 мин. читање

Светската здравствена организација ја класифицираше гејминг зависноста како здравствено пореметување. Официјално, зависноста од видеоигри ќе биде вклучена во 11-та меѓународна класификација на болести, пренесува BBC.

Сепак, за да бидете квалификуван како гејминг зависник, потребно е многу повеќе од секојдневно играње. Или според зборовите на СЗО: „играње кое има предност пред сите останати животни интереси“.

Дополнително, компулсивното играње куси периоди не е доволно за квалификување како зависник. Симптомите мора да постојат во подолг период од 12 месеци пред да биде дијагностицирана состојбата. Симптомите се:

  • Недоволна контрола над гејминг.
  • Зголемен приоритет на гејмингот.
  • Продолжување и зголемување на играњето и покрај негативните последици.

Лекарите ќе треба да направат разлика помеѓу гејмерите ентузијасти и зависници. Но, она што ќе го овозможи класификацијата е можност за специјализиран третман на овие состојби.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top