0 коментари 2 мин. читање 20 април, 2018

Заштите ги вашите лични податоци со Kryptelite 8

Постојат многу работи кои би можеле да ги направите доколку сте загрижени за вашата приватност и не сакате некои ваши лични податоци да паднат во погрешни раце. Една од тие работи е да спречите неовластен пристап до одредени фајлови и фолдери така што ќе ги шифрирате (encrypt).

Kryptelite, особено осмата верзија, се наметнува како одлично бесплатно софтверско решенија кое го прави горе-наведеното со само неколку кликови. Како дополнителен чекор, по завршеното шифрирање (енкриптирање), прави верификација за да провери да не има корумпирани фајлови.

Во случај да ви е познато името, тоа е затоа што Kryptelite е всушност бесплатната верзија на комерцијалниот софтвер на компанијата Inv Softworks – Kryptel. Како бесплатно решение, забележителна е одредена ограниченост во поглед на платежниот брат, но и понатаму можете да вршите encrypt и decrypt на бројни фајлови и фолдери во една операција и без какви било ограничувања во поглед на големината.

Заштитата на чувствителните податоци се имплементира со силна 256-битна AES cipher енкрипција која не дискриминира ни во поглед на шифрирање зипувани или споделени податоци. Ваквите можности ви стојат на располагање преку менито која се појавува со десен клик на фајлот или фолдерот или преку корисен волшебник кј ве води чекор-по-чекор.

Во случај да сте задоволни од виденото, но да барате нешто повеќе, како пренослива верзија, управител за лозинки, прелистувач за прегледување и менување на шифрираните податоци, како и можности за целосно уништување на дигиталните траги преку неколку фази на бришење, потребно е да ги отворите рацете кон стандарната едиција и да дозволите да ве гушне за 30 долари.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top