0 коментари 2 мин. читање 13 јули, 2015

Заедницата извојува победа врз Reddit

Корисниците победија по неколкудневниот бунт. Reddit ја замени екс-директорката Елен Пао, а на нејзино место сета доаѓа ко-основачот на Reddit, Стив Хафман.
Смената доаѓа по критиките од заедницата која на Change.org собра над 200.000
потпиза на петицијата за замена на г-ѓа. Пао. На отказот претходеше и бунт на модераторите кои затворија дел од форумите како реакција на смената на Викторија Тејлор, претходен модератор на Reddit AMA.

„Го видов добротот лошото и грдото на Reddit. Доброто ме инспирираше, но лошото направи да се сомневам во човештвото“, вели Елен Пао во збогувањето со Reddit.

За разлика од претходните поставување на високи функции, овој пат Reddit започна со АМА со новиот директор на компанијата. Иако корисниците го добија она што го бараа, се чини дека Пао сепак беше жртва на Reddit заедницата и лошото менаџирање на промените. Речиси сите објаснува кои доаѓаа од врвот на Reddit објаснуваа дека се слагаат со одлуките на сега веќе поранешниот директор, иако се согласија за лошото известување на модераторите. Дополнително Сем Алтман, член на одборот на Reddit, речиси ја повтори изјавата на Пао и изрази поддршка.

„Намалувањето на чувствителноста кое се случува кога сме зад екраните не е добро за светот. Луѓето се луѓе дури и ако интернет е помеѓу вас. Доколку Rеddit не научи за рамнотежа помеѓу сочувствувањето и автентичноста, може да биде одличен сајт, но никогаш нема да биде вистински одлична заедница“, вели г. Алтман.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top