Youtube се подготвува наскоро да излезе со свој музички сервис кој ќе му биде конкуренција на Spotify, јавува Billboard. Youtube е најголемата страна во светот за пребарување музика и откривање, и според популарноста на сервисите како Spotify, Rdio и Last.fm, очигледно е дека има корисници кои се заинтересирани за ова.
Услугата ќе биде музика on demand, а ќе доаѓа со бесплатна и премиум верзија која ќе се плаќа 10 долари. За оваа цена корисницте ќе имаат пристап до видеата без реклами, но и за подготовка на плеј листи за слушање кога ќе бидат офлајн. Услугата ќе биде достапна до крајот на 2013, јавува New York Times.
Сервисот доаѓа во вистинско време, а YouТube веќе има договори за авторски права со повеќе издавачи на музика помеѓу кои се и Sony Music, Universal Music Group и Warner. Покрај ова, потегот ќе биде добредојден кај издавачите кои се жалат на мали суми кои ги исплаќа YouТube за прегледување на видео.
Интересно ќе биде да видиме каква конкуренција ќе му биде Google Play Music All Access на YouТube. Google неодамна објави дека дури 40 отсто од пристапувањата до страната се од паметни телефони.