YouTube ќе прикажува реклами кои може да се гледаат во 360 степени

во Веб

Google објави дека на YouTube ќе можат да се презинтираат нови реклами со можност разгледување во 360-степени. Компанијата се надева дека со ова ќе овозможи реклами со кои огласувачите ќе обезбедат подобро искуство, а и на корисниците ќе им биде позабавно, со оглед на тоа дека рекламите ќе бидат интерактивни.За рекламите е потребен или Chrome или YouTube апликација за iOS или Android, а корисниците како и на останатите 360-видеа можат да управуваат со глувчето и да ги гледаат реламите од секој агол. Управувањето е нешто поедноставно на телефон на кој аголот на гледање се менува со навалување на телефонот.

Видеата со можност за гледање во 360 степени се достапни од март и веќе има и повеќе вакви видеа на платформата. Google вели дека овие видеа поминуваат 36 отсто подобро од стандардните, а ќе треба да почекаме да видиме дали овој тренд ќе продолжи и со рекламите, едно е сигурно новите реклами се позабавни од претходните. Доколку на ова ја додадеме и виртуелната реалност, иднината на YouTube и рекламите на платформата исзгледаат позабавни од билокога досега.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments