По објавите дека при пребарувањето, во автоматското препознавање на фразите се јавуваат педофилски фрази, YouTube го замени алгоритамот.
Минатиот викенд дел од корисниците забележаа дека додека пишуваат „how to have“, автоматски се дополнува „s*x with your kids“, јави BBC.
Претставникот на YouTube објави дека компанијата веднаш штом дознала за ова го променила алгоритмот. Секако, работат и на расветлување на причините поради кои се сугерира резултатот.
Резултатите се појауваат од различни уреди и профили и во инкогнито мод. Но, без разлика на ова, секогаш кога корисникот внесува „how to have“ резултатите се исти, вели BuzzFeed. Знакот „∗“ во резултатите можеби покажува дека станува збор за координирана кампања која би го наполнила YouTube со несоодветни резултати, вели неименуван извор за BuzzFeed.
Иако ова можеби е срамота за YouTube, она што е поважно е дека во резултатите нема несоодветна содржина.
Неодамна неколку големи брендови се повлекоа од рекламирање на YouTube откако беа пронајдени неколку предаторски профили. Од овие профили беа напаѓани деца и оставани експлицитни коментари на детски видеа. YouTube веќе банираше повеќе корисници.







