YouTube додаде текст пораки во мобилната апликација

во Мобилни

Се чини дека можноста за испраќање текст пораки станува задолжителен додаток во се повеќе апликации. Мобилната апликација на YouTube е последнатa која ја додаде оваа функционалност.

Корисниците ќе можат да ги споделуваат и видеата со своите контакти на телефонот директно од апликацијата. Апликацијата овозможува и групни разговори до 30 корисници и можност за реакции во пораките.

Новата функционалност доаѓа во „Sharing“ делот, а во тест фаза е подолг период. Дел од промените кои се направени во тест периодот се фиксирање на самото видео најгоре на екранот, а и промени во визуелниот дел, јави Venturebeat.

Промените во апликацијата се достапни, глобално за сите корисници. Со оглед на тоа дека ова е една од апликациите со кои доаѓаат најголем дел од Android телефоните, надградбата најверојатно ќе се одвива етапно.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments