Mалку подзаборавениот пребарувач на овие простори објави нов прелистувач. Yahoo! го претстави Axis со кој се надева дека ќе си го зголеми бројот на пребарувањата, што е истата причина поради која Google го претстави Chrome кој сега е најпопуларниот прелистувач во светот.
Но, дали Yahoo со Axis може да го направи истото што го направи Google Chrome? Се уште има околу 700 милиони корисници кои користат Yahoo, вели компанијата, дали поради пребарувањето, порталот, мејлот или како пребарувач интегриран во прелистувачите.
За да се вклучиш во „војната на прелистувачи“ потребно е да донесеш нешто ново. Кај Axis новина е што добивате визуелни резултати кога ќе внесете пребарување без да ја напуштите страната на која сте. Oва визуелно пребарување е одлично кога ќе го користите Axis на iPad, и уште позабавно кога ќе го додадете како HTML5 плагин за десктоп прелистувачите Firefox 7+, IE 9 и Chrome.
Axis не му служи на Yahoo! само да привлече повеќе корисници, туку и да пласира реклами. Yahoo! прави милиони долари од визулени реклами кои најверојатно ќе бидат вметнати во листата на визуелните резултати од пребарувањето.
[youtube]ZDo0PiwgtoM[/youtube]
Коментари
4 коментари
Коментарите се затворени.